Видео cetiri bitolcanki

14 јули, 2013

Четири битолчанки со одлична преработка на хитот „We Are Young“

Од градот на конзулите произлегоа бројни музички имиња на македонската музичка сцена, а допрва ќе слушнеме и за многу млади таленти како што се Тамара, Андреја, Мелани и Лина. Како што би рекле по битолски, четирите чупиња решија својот талент да го претстават и пред пошироката јавност, а во моментов можеби најдобар начин за тоа е преработка на познат хит и негово поставување на најпосетуваниот сервер ЈуТјуб.

За Тамара Јолевска (вокал), Андреја Чукалкова (вокал и гитара), Мелани Мицковска (тапани), Лина Лумбуровска (пијано) преработката на хитот „We Are Young“ од Фан. и Џанел Моне е нивна прва заедничка преработка, а велат дека ја одбрале оваа песна бидејќи е многу позната и интересна и покажува дека се млади и полни со енергија, се вклопува со летната атмосфера, па затоа ја издале во лето. Веројатно сè уште не смислиле име за бендот, но еве наш предлог е да се викаат „Четири битолчанки“.

Навистина одлична преработка од младите и талентирани девојки, а во продолжение уживајте во нивната изведба.

 



Врати се горе ↑