Промоции dushica 2

15 октомври, 2015

„Челик бенд“ ја промовира својата „Невеста убава“

Кумановскиот „Челик бенд“ своето двегодишно постоење на македонската народна сцена ќе го одбележи со промоција на својата прва песна насловена „Невеста убава“, за која снимен е и видео запис. Промоцијата на новата песна и видео запис на „Челик бенд“ ќе се одржи вечерва, четврток (15 октомври, 2015 година) со почеток во 20 часот во ресторанот „Бела Дона“ во Куманово. Како главна улога во видео записот се појавува атрактивната манекенка Душица Димчевска.

Музиката за песната „Невеста убава“ на „Челик бенд“ ја напиша Гоце Нанов, текстот е дело на Орце Зафировски, додека за аранжманот се погрижи Драган Ристовски. Видео записот е во продукција на „ТВ Плус“ од Куманово, а снимен е во ресторанот „Бела Дона“.

„Челик бенд“ на македонската народна сцена постои речиси две години, а „Невеста убава“ е нивна прва официјална песна. Бендот го сочинуваат вкупно 6 членови: Бојан Стојановски – вокал, Ангел Глигоров – виолина, Гоце Нанов – кларинет и саксофон, Никола Стојмановски – соло клавијатура, Александар Митрички – бас клавијатура и Ивица Андоновски – тапани.

Во изминатиот период, бендот направи соработка со еминентни имиња од нашата народна сцена, меѓу кои и Даниела Темелковска (Роса Фест 2014), Ирена Спасовска и Нино Величковски, но и со новите надежни ѕвезди Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ, кои од неодамна се дел од продукцијата „Гранд“.

 



Врати се горе ↑