Свет ro-cxcx

20 јануари, 2015

Чарли Екс-си-екс: „За малку ќе ја убиев Рита Ора“

Чарли Екс-си-екс и Рита Ора неодамна го завршија снимањето на видео записот за дуетската тема „Doing It“. Во екранизацијата за оваа песна, чија премиера се очекува следната недела, Чарли вози „Барби“ камион во пустина, додека на совозачкото седиште седи Рита Ора. Чарли открила дека доживеале незгода со камионот и дека едвај извлекле жива глава, бидејќи станувало збор за старо возило кое немало воздушни перничиња ниту каква било слична заштита.

Пејачката исто така ги пофалила и актерските способности на Ора, велејќи дека сигурно ќе блесне во филмот „50 нијанси на сиво“, во кој ја игра улогата на Миа, сестрата на главниот лик Кристијан Греј.

Извор: MTV



Врати се горе ↑