10 април, 2014

„Chandelier“ од Сиа доби текстуален видео запис

Австралиската музичарка која потпиша голем дел од хитовите во изминативе неколку години, Сиа Фурлер, позната само како Сиа, неодамна го претстави нејзиниот прв сингл со кој го најавува престојното шесто студиско издание кое би требало да се појави во текот на летото и ќе го наследи албумот „We Are Born“ од 2010 година. Веќе имавте можност да ја слушнете песната насловена „Chandelier“, потпишана од самата Сиа во соработка со Џеси Шаткин и продуцирана од Грег Крстин, а сега пристигна и интересен текстуален видео запис во кој може да се забележи нејзината карактеристична фризура и црвените „старки“ како се шетаат низ улиците на Њујорк, додека телото е дигитално избришано. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑