6 април, 2017

„Чалгиска“ на Каролина доби шербет верзија

Во декември 2013 година, Каролина го најави второто продолжение на проектот „Македонско девојче“ со темата „Чалгиска“, која веднаш ги освои срцата на македонската публика. Веќе неколку години ја пеат музички љубители од 7 до 77, а секако дека оние кои се занимаваат со музика, ќе направат и по некоја преработка.

Токму таков е случајот со тетовското трио „Шербет“, составено од Теодора Ветероска, Ана Марија Блажеска и Марија Костоска, долгогодишни членки на женскиот младински хор „Менада“ од Тетово. Како што доликува со самата песна, девојките седнаа да запеат пред познатата Шарена џамија, а сето тоа го екранизираше Глигор Кондовски.

шербет

За нивната одлична, шербет верзија на „Чалгиска“, стигнаа пофалби и од самата Каролина, а како звучи сето тоа можете да погледнете и слушнете горе. Уживајте!

каро



Врати се горе ↑