Свет download

29 октомври, 2012

Чак Бери се враќа со нови песни

Активен и во 86тата година од својот живот, живата легенда Чак Бери го најави неговото враќање на сцената со шест нови песни од кои неколку се напишани уште пред 16 години. Завчера му беше врачена награда „American Music Masters“ (Амерички музички мајстори) во Рокенрол халата на славните (Rock and Roll Hall of Fame) и беше приреден концерт во негова чест, а тој за новинарите изјави дека штом пронајде некој кој ќе го води, а и самиот знаел по нешто за бизнисот, би сакал да ги објави новите песни.

Пионерот на рокенрол музиката, чија кариера ја обележаа хитовите „Roll Over Bеethoven“, „Sweet Little Sixteen“ , „Johnny B. Goode“, „Rock and Roll Music“ и „You Never Can Tell“ не сакал да ги открие деталите за новите песни, ниту пак датумот на нивното објавување. Тој изјави дека можеби се стари, но му припаѓаат на истиот тип на музика кој тој го свиреше.

На концертот во негова чест настапија Ирни Ајл и Дерил Ди Ем Си МекДенијелс, Џо Бонамаса, Рик Деринџер, Рози Флорес, Џон Фулбрајт, Дејвин Јохансен, Рони Хокинс, Стив Џордан и Мерл Хагард. Бери, кој сè уште еднаш месечно настапува во клубoт Блубери Хил во предградието Сент Луис, ги посоветува неговите помлади колеги да продолжат да свират рок и да бидам љубезни со нивните фанови.

По повод доделувањето на наградата „American Music Masters“ на Бери, во Рокенрол халата на славните беше приредена изложба на која беше претставена неговата облека која ја носеше на сцена, гитарата, договорот од 1958 година, програмата од неговата британска турнеја во 1964 година и друго.

Оваа награда пред него ја имаат добиено и лауреатите Арета Френклин, Џенис Џоплин и Вуди Гатри. Во продолжение погледнете го неговиот настап во клубот Блубери Хил на 17ти октомври годинава.



Врати се горе ↑