Македонија 11817019_849298938493825_2078402459099501959_n

3 септември, 2015

Целиот регион ја сака „Деценије“

Даниел Кајмакоски деновиве ужива во успехот постигнат со неговиот прв сингл „10 лета“ или „Деценије“, во бројните позитивни коментари кои ги добива на социјалните мрежи, за кои вели дека му даваат посебен поттик да следниот сингл. Првото место на топ листата „MTV Domacica“ најдобро зборува за тоа колку публиката ја прифати оваа песна.

 „Им благодарам на сите кои гласаа за ова недела да го достигнеме врвот! Мило ми е што ’Деценије’ им се допадна на луѓето низ целиот регион, кои се со мене уште откако се појавив на сцена. Добро е чувството кога на публиката ѝ се допаѓа она што го правите, а најубаво е кога ќе ви кажат дека вашата музика им го разубавува денот. Тоа е мојата мисија и ветувам уште нови песни наскоро“, сподели Кајмакоски.

По објавување на „10 лета“ и  „Деценије“, Даниел започна да работи на својот следен сингл кој може да се очекува оваа есен, а со тоа ќе го најави неговиот нареден проект.

Доколку сè уште не сте го дале својот глас за „Деценије“, тоа можете да го направите на www.mtv.rs/top-liste/domacica.



Врати се горе ↑