Македонија 10394097_851442031573532_1744217636764149405_n

2 декември, 2014

Цела Универзална пееше и танцуваше со Тајзи

Во саботата, 29 ноември, Универзалната сала беше премала за да ги собере фановите на Тајзи, кој со поддршка од неговиот бенд „Пимп д бит“ и Аце НЛ го одржа својот прв солистички концерт. Присутните на возраст од 7 до 77 години уживаа со неговите хитови од деби албумот „Нешто поинакво“, како што се „Љубов“, „Моментот“, „Чувај ни га Боже“, „Така пишано е“ и други, а на самиот крај, на сцената му се придружија и Слаткаристика и Ферус Мустафов, со кои го отпеа хитот „Дими џам“.

Дел од атмосферата можете да погледнете во видеото во продолжение, како и фотографиите на неговата фан страница на Фејсбук.

 

 



Врати се горе ↑