Македонија 12187760_1514362612214817_5322039979285538939_n

17 ноември, 2015

Цела Европа со нетрпение чека да дојде сабота!

Нашите претставнички, Ивана и Магдалена, меѓу првите што ќе настапат на финалната вечер в сабота

По извлекувањето на редните броеви за редоследот на настап на претставниците на детскиот Евросонг, нашите претставнички Ивана и Магдалена в сабота во Софија ќе настапат под реден број 9.

Досега најголемо достигнување на детската Евровизија беше 5. место, но оваа година Ивана и Магдалена се надеваат дека ќе постигнат поголем успех од кога било. Нашите претставнички ќе бидат 9. по ред на овој детски, разигран фестивал. Пред нивниот настап својата песна ќе ја испеат претставниците на Русија, а на 10. место се Белорусија. Фестивалот ќе биде отворен од страна на претставниците на Србија во 20 часот, додека пак Црна Гора ќе го затвори детскиот Евросонг, за потоа да се одржи и гласањето. Нашите претставнички веќе ги шармираа сите присутни во Софија со нивната позитивна енергија и одлична песна.

Покрај Ивана и Магдалена се и танчерките од балетското студио „Аква“: Ивона, Елена и Бисера. Спојот помеѓу овие 5 девојчиња е одличен, се надополнуваат една со друга и создаваат забавна зона во која што уживаат сите кои го проследуваат настапот. Она што може да се издвои овие денови од Софија, а е поврзано со нашите претставнички е дека „Плетенка“ е поздравот со кој сите присутни учесници ги поздравуваат нашите девојчиња.

Вклучете ги вашите телевизори во сабота и сите заедно да навиваме за голема среќа на деветката во Софија. Можеби оваа година токму Ивана и Магдалена ќе си го остварат сонот и ќе го освојат првото место на детскиот Евросонг во Софија 2015 со нивната забавна и интересна песна „Плетенка“.

 За крај, погледнете како изгледаше првата генерална проба на Ивана и Магдалена.

 



Врати се горе ↑