Македонија

18 мај, 2019

Цела естрада со поддршка за Тамара

Нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска конечно ја скрши „клетвата“ и се пласираше во финалето за „Евровизија 2019“, кое ќе се одржи вечерва со почеток од 21.00 часот, а во пресрет на нејзниот настап, пејачката доби поддршка од бројни колеги и јавни личности од целиот регион. Елена Ристеска, Лила Филиповска, Александар Тарабунов, Теа Трајковска, Кристина Арнаудова, Димитар Андоновски, Мијата, Лозано, Панчо ДНК, Марија Шерифовиќ и, секако, Тијана Дапчевиќ се дел од нејзините пријатели и поддржувачи што им порачаа на евровизиските гледачи вечерва гордо да гласаат за бројот 8!

Thank you! ❤❤❤❤❤ Ve sakam.#proud #teamtamara #esc2019

Gepostet von Tamara Todevska am Samstag, 18. Mai 2019

Tonight, vote proudly for #08 and Tamara Todevska. 🇲🇰❤#proud #teamtamara #esc2019

Gepostet von Tamara Todevska am Samstag, 18. Mai 2019

 

Пејачката веќе ги заврши и последните проби, меѓу кои и вчерашната генерална проба во чии рамки гласаа националните жирија, па вечерва на ред е публиката. Како што споменавме, таа ќе настапи под реден број 8, а каква судбина ќе има нашата 19. претставничка на овој фестивал ќе дознаеме некаде околу полноќ, кога ќе биде прогласен и победникот или победничката на „Евровизија 2019“. Среќно!



Врати се горе ↑