Настани 090cf578-22d9-49e9-8896-169a2d7b841d

26 мај, 2015

Цел Балкан собран на „Фјужн“ бината на „Егзит“!

„Фјужн“ бината (Fusion Stage), омилената бина на балканските музичари на фестивалот „Егзит“, од 9 до 12 јули оваа година спојува атрактивни бендови од различни делови на светот. Најголемата бина на Горниот град на Петроварадинска тврдина, со рекордниот интерес за „Егзит“ годинава, подготвена е секоја вечер да пречека и преку 15.000 посетители, за кои оваа година своите најдобри настапи ќе ги приредат израелските алтер бендови „Лола Марш“ (Lola Marsh) и „Тајни фингерс“ (Tiny Fingers), грчките стонер-рокери „1000модс“ (1000mods), корејскиот електро состав „Идиотејп“ (Idiotape), холандските нојзери „Пејсшифтерс“ (Paceshifters), бугарските електро психоделичари „Котарашки“ (Kottarashky), како и етно-модернистите „Дин Бред“ (Din Brad) од Темишвар. Супертешката категорија на најголемите регионални имиња ја предводат „Хладно пиво“, „Ајсбрн“ (Eyesburn)„Зостер“, „Рамбо Амадеус“, Каролина, „Урбан & 4“, Артан Лили, „Канда, Коџа и Небојша“, „Киша метака“, „Феуд“, „Бркови“ и бројни други!

 

Домаќини на странските бендови ќе бидат плејада од најактуелните бендови и музичари од овие простори, како што е џез великанот, трубач и наградуван композитор Душко Гојковиќ, кој на „Егзит“ доаѓа на 11 јули со Биг Бендот на „РТС“ и програмата од албумот „Latin Haze“! Тука се и мајсторите на настапите во живо од Вардар до Триглав, „Хладно пиво“ предводени од Миле Кекин, кои настапуваат на завршната вечер на 12 јули во рамки на големата балканска турнеја со новиот албум „Дани затворених врата“. Уште еден култен фронтмен Дамир Урбан на 9 јули доаѓа со својата „Четворка“ на „Егзит“ за да го претстави својот последен албум „Мамут“, но и цела низа алтер-рок химни како што се „Буди моја вода“ и „Свијет за нас“ од периодот во култната група „Лауфер“, па до самостојните „Одлучио сам да те волим“, „Небо“, „Мала труба“, „Жена дијете“ и други.

Еден од најважните нови бендови и автори на најслушаните рок песни на српската сцена во последните неколку години Артан Лили, ќе настапи првата вечер на овогодишната „Фјужн“ бина, додека следните ноќи пред музејот ќе настапат по ред славната хрватска турбо-панк атракција „Бркови“, впечатливите белградски кросовер-индустријалци „Феуд“ предводени од Рамирез од некогашната група „Саншајн“ (Sunshine) во која претходно свиреше и Којот, а кој доаѓа со веќе светски бараниот реге-метал бенд „Ајсбрн“ (Eyesburn). И светскиот мегацар Рамбо Амадеус ќе се придружи на супертешката категорија на домашни имиња на тврдината, а домаќини на балканските и светските музичари ќе бидат и многу актуелните белградски бендови „Канда, Коџа и Небојша“, „Шаркс“ (Sharks), „Снејкс & Плеинс“ (Snakes & Planes) и „Ничим изазван“, како и новосадскиот „Вулфрам“ (Wolfram), додека од Хрватска доаѓаат двата во моментов најбарани регионални хип-хоп состави „Киша метака“ и „Хај 5“ (High 5)

Посебна музичка сензација на Фјужн бината ќе биде проектот „Македонско девојче“ во кој омилената македонска пејачка Каролина Гочева изведува традиционална музика на современ начин. Подеднакво атрактивен ќе биде и настапот на глумецот Никола Пејаковиќ во бендот „Коља и Гробовласници“, како и мостарскиот бенд „Зостер“ кој на „Егзит“ доаѓа со новиот албум „Срце узаврело“. Во следниот период списокот ќе биде дополнително проширен со уште изведувачи, кога исто така ќе бидат најавени некои од домашните и регионалните бендови и за престижниот настап на главната бина на „Егзит“!

 

Најголемото возбудување пред „Егзит“ Авантурата почнува со музичкиот спектакл на деценијата и концертот на светската поп икона Роби Вилијамс на 17 јуни на белградскиот „Ушќе“, а свои настапи на овогодишната, ултимативна „Егзит“ Авантура, од 9 до 18 јули, за едно од најсилните програмски изданија било кога, досега потврдија „Моторхед“, „Д Продиџи, Ману Чао,Рудиментал„Феитлес“Рошин Марфи, Хардвел, Емели Санде, Сигма“,Џон Њуман, Капитал СитисКлин Бнадит, Тод Одел,  Мартин Гарикс,Граматик, „Тејл оф ас“, Адам Бејер, Крис Либинг„Иглс оф дед метал“, „Фир фактори“Вилкинсон, Зомбој, Рони Сајз Репразент, Бондакс, „Напалм Детх, Дубиоза колектив“, „Октав Уан“, Соул Клап“ и бројни други за вкупно повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Рекорден интерес за претстојниот Егзит!

Интересот за овогодишниот „Егзит“ е поголем од претходните неколку години, а посетители на фестивалот доаѓаат од над 60 земји од светот! Пред апсолутна распродажба е на фановите омилената акција „4+1“ во која четиричленото друштво кое заедно ги купува влезниците за „Егзит“ (3.599 денари), „Си Денс“ (2.240 денари) или целата „Егзит“ Авантура (4.299 денари), петтата влезница ја добива на подарок! Влезниците во Македонија се продаваат преку www.mktickets.mk, како и во „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, 1 кат). На www.exittrip.org пак, можат да се најдат пакетите кои содржат и сместување, а тука вистинското фестивалско летување од 7 до 20 јули, почнува со цена од 99 евра!



Врати се горе ↑