Концерт 13177422_1185465011478433_3877380601394679153_n

16 јули, 2016

Цел Балкан на концерт на Дино Мерлин во Охрид

Гости од цела поранешна Југославија и од соседните земји ќе дојдат во Охрид, на концертот на босанскиот музичар Дино Мерлин, кој ќе се одржи на 23 јули, на стадионот „Билјанини извори“. Организаторите на концертот велат дека постои голем интерес за билети, особено за оние во ВИП-делот, од Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Бугарија и од Албанија.

„До денес, продадени се повеќе од 5.000 влезници. Од интересот на регионалните гости за овој концерт на Мерлин во Охрид изненадени се и официјалните дистрибутери на онлајн-влезници евентим.рс, од каде што изјавуваат дека досега не виделе олкав интерес и ваков тек на продажба на влезници“, велат организаторите на охридскиот концерт.

За македонските фанови, организаторите додаваат дека најголем интерес за влезници има во Штип. Дино Мерлин ќе дојде во Охрид четири дена порано за да, како што изјавил, ужива во убавините на Охрид и на Струга. На концертот, тој ќе ги пее песните од актуелниот албум „Хотел национал“, кој е негово 15. издание во повеќе од 30-годишната кариера, но и старите хитови.

Влезниците за партерот чинат 650 денари, 1.000 денари за фан-пит, а ВИП-влезниците се 1.500 денари.

13592219_1230722690285998_4480299998983410605_n



Врати се горе ↑