Македонија 523877_415916565121553_397130736_n

25 декември, 2012

Цеде со нумерите од првиот „Акустичен сквер-фестивал“

Песните од првиот македонски „Акустичен сквер-фестивал“ што се одржа во организација на Универзална сала, ќе бидат објавени на цеде, пишува Дневник. На албумот, кој ќе биде промовиран денеска ќе се најдат авторски композиции во акустична изведба на млади македонски кантавтори и групи, како и специјалните гости: Џина Папас Џокси, Биба Додева и бугарската пејачка Маргарита Друмева.

Настанот се одржа во септември во рамките на манифестацијата „Скопје сквер – плоштад на културата“. За учесниците се одлучуваше на конкурс, на кој се пријавија кандидати од цела Македонија. Од нив селекциската комисија за финалната вечер ги одбра: Милан Дејановиќ, ПМ, Афтер дарк, ЈМС и СНС – сите од Скопје, како и битолчаните Славчо Слав и Фалш.

Тие добија шанса од десетина минути да се претстават пред публиката со песни од сопствениот репертоар со што го искажаа својот авторски музички и поетски потенцијал.



Врати се горе ↑