Балкан cecaHD

23 октомври, 2012

Цеца со нов албум и концерт

Најголемата балканска ѕвезда изјави дека во јуни следната година ќе одржи голем концерт за белградската публика. Покрај концертот, Цеца го подготвува и нејзниниот нов студиски албум кој најверојатно ќе содржи 11 нумери, но по нејзина желба ќе преовладуваат балади. Албумот е во работна фаза, а тоа е онаа фаза кога некоја песна може да биде додадена, а некоја исфрлена. Марина Туцаковиќ, со која Цеца има долгогодишна соработка, веќе ги преслушува песните, па сигурно и таа ќе има некои сугестии. Покрај Марина, Цеца за албумот соработува и со Александар Милиќ Мили.  Насловот на албумот за сега е непознат, а се планира да биде објавен во јуни, 2013 година.

Во меѓувреме, Цеца работи со полна пареа, има веќе закажани настапи низ поголемиот дел од Европа и во Австралија, а чека да добие виза и за Америка.



Врати се горе ↑