Балкан slika-24425

5 ноември, 2012

Цеца со нетрпение го чека концертот на Џеј Ло

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ  со нетрпение го очекува спектаклот на годината – белградскиот концерт на една од најмоќните жени на светот , која на 20ти ноември ќе одржи концерт во спрската престолнина.

Бидејќи сите ВИП ложи се распродадени, дури и оние кои дивата ги наменила за своите пријатели, Цеца на време си обезбедила карти за себе и за нејзиното семејство. Таа изјави дека слушнала од некои нејзини пријатели кои биле на нејзините настапи низ светот дека тоа е уникатно доживување, затоа картите ги купила уште на самиот почеток од продажбата. Исто така кажа дека и е драго што конечно ѕвезди од тој калибар одлучиле да настапат во нејзината земја.

Инаку во продажба се останати уште многу малку карти, па можат да се најдат оние за фан пит, ниво 400, ВИП и партер.



Врати се горе ↑