Балкан 943229_665192680173411_321032006_n

7 април, 2014

Цеца сака да сними дует со Ријана

Српската пејачка Цеца Ражњатовиќ изјавила дека од светски познатите пејачки најмногу ја цени Ријана и открила дека токму со неа би сакала да сними дуетска песна, слична како актуелната соработка со Шакира: „Ријана има прекрасен глас. Нејзините настапи се многу енергични. Сакам да ја слушам нејзината музика и да уживам гледајќи ги нејзините настапи. Минатиот јули присуствував на нејзиниот концерт во Виена и иако ја слушав Џенифер Лопез во Белград, сепак Ријана ми е многу подобра. Според мене, таа е неколку чекори пред сите. Од сите светски ѕвезди таа ме инспирира најмногу. Песната „Can’t Remember to Forget You“ која ја сними со Шакира е одлична, можеби би можеле да снимиме нешто слично“, рекла пејачката гостувајќи во една српска телевизија и додала дека нејзина стара желба е да сними дует и со Бруно Марс: „Тоа сигурно би била некаква балада. Многу го сакам, совршен е и внесе вистинско освежување на музичката сцена“, заклучила пејачката, која во моментов е актуелна со турнејата во чии рамки го промовира материјалот од албумот „Позив“, објавен минатата година.



Врати се горе ↑