Концерт 15589967_1204640999622282_5544108605663233087_n

27 декември, 2016

Цеца на 25 март во Скопје

Популарната српска пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ во јуни годинава го објави својот нов албум насловен „Автограм“, а новиот материјал го промовира во рамките на истоимената турнеја, со концерти ширум цела Европа.

Секако дека пејачката ќе најде време да ги отпее своите хитови и пред македонските обожаватели, а нивната дружба е закажана за 25 март следната година, во ВИП арената „Борис Трајковски“. Влезниците се веќе пуштени во претпродажба преку продажната мрежа на Купи карти за сè, а промотивните цени од 600, 800, 900, 1.200 и 1.700 денари важат само до 15 јануари.

Концертот е во организација на „Балкан медија“.

15589860_1205339479552434_7344516239419030379_n



Врати се горе ↑