30 ноември, 2017

Цеца како грешница во видеото за дуетот со Саша Матиќ

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Саша Матиќ ја израдуваа публиката со ново видео, а она што ги изненади сите се жешките сцени во кои се појавува пејачката. Имено, во песната „Лажов ноторни“ се зборува за прељуба, па Цеца се појавува како секси грешница, во нешто послободно издание.

Песната, која ќе биде сместена на новиот албум на Матиќ што ќе излезе на 4 декември, е дело на Горан Ратковиќ Рале (музика) и Марина Туцаковиќ (текст), а за видеото беше задолжен Дејан Милиќевиќ. Како изгледа и звучи новиот дует на Цеца и Саша Матиќ можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑