Балкан svetlana-raznatovic-ceca-sidnej-kosovo-srbi-pomoc-1355101195-239523

10 декември, 2012

Цеца им помага на србите од Косово

Српската ѕвезда Цеца Ражњатовиќ во секоја прилика ја покажува нејзинаѕа хумана страна, па тоа го прави и во Австралија. Фолк ѕвездата ја искористи паузата на нејзнината актуелна турнеја во земјата на кенгурите за да учествува на забава во Сиднеј на која се собираа донации за помош на србите на Косово и Метохија. Таа со нејзиниот композитор и продуцент Александар Милиќ Мили се појави во најголемиот српски центар во Австралија „Bonirig Sports Club“.

„Цеца беше гостин на хуманитарната забава за србите на Косово. Влезот беше бесплатен, а парите се собираа така што секој издвојуваше онолку колку што може. Беше организирана и лотарија, а петте најсреќни посетители добија по две влезници за концертот на Цеца во Сиднеј, што е подарок од нејзниниот домаќин „Клуб параде“ – изјавил извор близок на пејачката. Во знак на благодарност што ја прифатила поканата и дошла на оваа забава, организаторите ѝ подарија и благодарница.

Извор и фото: kurir-info.rs



Врати се горе ↑