Македонија ceca4

9 август, 2016

Цеца и Севе, откажете се од хонорарите!

„Знаете и сами колку сте популарни во нашата земја. Сите Ваши концерти биле полни каде и да сте настапувале во Македонија. Вашите песни се слушаат на разни забави, прослави, свадби… На мојата татковина и на главниот град Скопје му се случи голема поплава која однесе 21 човечки живот. Најмалиот настрадан е само 2-годишно дете…  Читаме дека за дваесетина дена ќе настапувате во два наши града. Доколку тоа е навистина така, откажете се од Вашите хонорари и покажете ја Вашата големина за Македонија во која отсекогаш сте биле добредојдени. Донирајте ги средствата за помош на настраданите“, вака пишува во отвореното писмо на водителката Анита Даева, кое деновиве кружи на Фејсбук.

Имено, популарната српска ѕвезда на 28 август ќе одржи голем концерт на плоштадот во Македонска Каменица, а за Севе сè уште нема официјално потврден настан. Дали пејачките ќе ја покажат својата хумана страна останува да видиме.

13924813_10154027018429317_8370803755907499668_n



Врати се горе ↑