Концерт

9 јули, 2018

Цеца и Џенан Лончаревиќ со заеднички концерт во Охрид

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца заедно со Џенан Лончаревиќ на 28 јули ќе одржат голем концерт во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“, во организација на „Балкан медија“.

Стадионот „Билјанини извори“ ќе одекнува со: „Анџео другог реда“, „Лажов ноторни“, „Аутограм“, „Јадна ти је моја моч“, „Трепни“, „Дидуле“ на Цеца и: „Одавде до неба“, „Никоме ни реч“, „Добро је то“ на Џенан, како и многу, многу други безвременски хитови.

Цеца и Џенан ќе приредат повеќечасовен концерт кој долго ќе се памети. Почетокот на концертот е закажан во 21 часот. Ни претстои вечер исполнета со многу изненадувања, музика и забава. Влезниците за концертот се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, „Пола Југотон“ и цвеќарница „Розе“ – Веро 2, по промотивна цена од 600 ден само до 16 јули.



Врати се горе ↑