Балкан 312477_613274468698566_323773264_n

26 февруари, 2013

Цеца го освои црногорскиот Оскар на популарноста

Спрската фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ на синоќешната манифестација Оскар на популарноста  ја доби наградата за најпопуларна регионална пејачка, врз основа на истражувањата на јавното мислење кои ги спроведе Црногорската културна мрежа, која воедно е организатор на оваа манифестација. Црногорците ја одбрале Цеца, а во конкуреција се нашле и Северина, Јелена Розга, Индира Владиќ и други.

Меѓу наградените се и Шако Полумента како најдобар фолк пејач, додека Јадранка Бајрактаровиќ била најдобра во женската категорија. Во забавната музика награда добил Данијел Алибабиќ, најдобар вокал во регионот е Хари Варешановиќ, а за најдобра група наградата ја доби составот Who See, кој годинава ќе ја претставува Црна Гора на Евровизија 2013.

 

Извор и фото: Svet.rs/Фејсбук фан страница на Цеца



Врати се горе ↑