6 април, 2015

„Carry The Flame“ – одлична соработка на Кајмакоски со Бобо и „Мрџ“

Даниел Кајмакоски овој викенд, на 4 април, во клубот „Дали“ во Софија, Бугарија ја промовираше песната „Carry Тhe Flame“, заедно со останатите учесници во овој проект – триото „Мрџ“ (Merj) составено од поранешни членови на познатата ар-ен-би група „Блекстрит“ и бугарскиот рапер Бобо.  Промоцијата започна со промоција на видео спотот, а продолжи со мини концерт кој го отвори Даниел и ја загреа публиката за следните гости.

Песната и видео спотот се дел од кампања која ја спроведува фондацијата Holiday Heroes од Бугарија. Фондацијата има за цел да помага на социјално и економски загрозени семејства. Приказната во спотот ја следи целта и приказната на фондацијата.

Спотот е сниман на различни локации во Скопје: Козјак, Стара чаршија, центарот на Скопје и  Водно. Продукцијата која стои зад видео записот е „Симфоникс“ од Бугарија, која работи на филмски проекти, а како копродукција се јавува нашата продукција „Сторителер“.

Нашиот евровизиски претставник интензивно се подготвува и за настапот во Виена, а во тек е и наградната игра на неговата веб страна, во која победниците ќе освојат билет за „Евровизија 2015 и ќе имаат можност да се дружат со својот идол.

Фотографија: danielkajmakoski.mk



Врати се горе ↑