29 декември, 2014

Цане Николовски и „Хартбрејкерси“ со панк-фолк верзија на „Жаклина“

Цане Николовски е пејач, музичар и флејтист, кој меѓу другото бил вокал и на групите „Мадригали“, „Гром“ и „Бон – Тон“. Најпознат е по фолк хитот „Жаклина“, испеан во 1990 година со групата „Елита“ од Битола. Николовски е познат како универзална појава на македонската музичка сцена поради фактот што еднакво успешно се снаоѓа и прилагодува во спектар на различни музички жанрови – рок, поп и народни изворни и фолк песни. Има снимено 37 албуми со народна, поп и музика изведена со флејта.

Сега тој заедно со „Хартбрејкерси“ воспоствува еден нов музички правец во Македонија, наречен панк-фолк, обработувајќи го во панк манир својот голем фолк хит „Жаклина“. Како звучи сето тоа можете да слушнете горе.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑