Свет call me maybe

30 ноември, 2012

„Call Me Maybe“ е плагијат?

Минатата година украинската поп ѕвезда Аза ја објави својата музичка нумера, хит синглот „Hunky Santa” кој за жал не го доживеа својот успех во Украина. Но, по преслушувањето на канадскиот хит изведен од страна на Карли Реј Џепсен„Call Me Maybe”, Аза ја препознала мелодијата на својот хит.

По доживеаниот шок, младата Аза се одлучила за тужба кон канадската пејачка и нејзиниот соработнички тим. Сепак од страна на менаџерскиот тим на Џепсен истакнуваат дека сите тужби се неоправдани, надополнувајќи дека канадската пејачка сама ги пишува своите песни, како и која би била можноста и случајноста дека оваа сега веќе светска ѕвезда, слуша украинско радио.

Во прилог преслушајте ги следните две видеа, па проценете сами дали големиот хит е плагијат.

Извор: pulsonline.rs



Врати се горе ↑