Македонија F23FA60FBD324B429FA478D2E7FB701F

12 јануари, 2013

Цацко од К-15 со групата снима нова песна

Љупчо Бубо Каров познат и како Цацко од К-15, заедно со групата Токму така наскоро ќе сними нова песна која ќе го носи насловот „Валкан Балкан“, која ќе се снима во Кавадарци.

Познато е дека Каров има завидно музичко искуство позади себе.  Од 1976-1984 членувал во истата група, каде бил композитор, текстописец, бас-гитарист и вокал на групата. Како музичар популарниот Цацко учествувал и на многу живи свирки во Југославија, а добро се познати и сатиричните песни кои ги имаат снимено како Дуо Трио заедно со колегите од К-15.

 



Врати се горе ↑