Свет nicole-scherziner

17 јануари, 2013

„Бумерангот“ на Никол Шерцингер пристигнува наскоро

При крајот на минатата година беше најавен новиот сингл на Никол Шерцингер. Станува збор за нумерата „Boomerang“, за кој беше промовиран мал дел од снимањето на видео записот, а неговата премиера беше најавена за почетокот на годинава. Шерцингер деновиве го потврди датумот на објавувањето на новиот сингл, кој својата радио премиера ќе ја има на 24-ти февруари, а набрзо потоа ќе следува и видео премиерата.

Шерцингер ја обелодени информацијата на Instagram, велејќи дека британските фанови ќе бидат првите кои ќе ја имаат можноста да ја слушнат нејзината нова песна. Песната е водечки сингл од нејзиниот втор студиски албум кој е продолжение на „Killer Love“ од 2011-та година.



Врати се горе ↑