13 април, 2017

Бугарскиот евровизиски претставник го претстави видеото за „Beautiful Mess“

17-годишниот Кристијан Костов, кој е најмладиот евровизиски претставник годинава, деновиве го објави официјалното видео за баладата „Beautiful Mess“, со која следниот месец ќе ги брани боите на соседна Бугарија. Ова авторско дело на бугарскиот композитор Борислав Миланов, Австриецот Себастијан Арман и Швеѓанецот Јоаким Персон, веќе подолго време е еден од фаворитите за претстојниот фестивал, за кое предвидува да се пласира меѓу првите пет во финалето, а во моментов се наоѓа на 2. место.

Кристијан ќе настапи под реден број 16 во втората полуфинална вечер на 11 мај, кога ќе ја бодриме и нашата претставничка Јана Бурческа, а како изгледа „Beautiful Mess“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑