17 декември, 2014

Буцо Битбокс сè попопуларен во Македонија!

Иако во создавањето на музика најчесто се користат инстументи, сепак особено се интересни музичарите кои имаат талент за вокална перкусија, популарно наречена „битбокс“, а меѓу светски познатите вокални перкусионисти се вбројуваат и Мајкл Џексон и Том Вејтс.

Најчесто поврзан со хип-хоп културата, битбоксот станува сè попопуларен и кај нас, во последно време благодарение на Мартин Атанасовски – Буцо, кој веќе подолго време настапува низ цела Македонија, а доказ за неговиот успех се и бројните гостувања во емисии како што се „Здраво Македонијо!“. Снимката од неговото гостување Ве очекува горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑