3 март, 2017

Бруно Марс танцува во новото видео за „That’s What I Like“

„That’s What I Like“ е вториот сингл од актуелниот албум на Бруно Марс, „24K Magic“, кој пејачот го изведе во живо на годинешните доделувања на „Греми“ и британските музички награди, а сега конечно стигна и видео запис. 31-годишната ѕвезда овој пат се одлучи за мошне едноставна, но ефектна екранизација, во која ги прикажува своите одлични танцувачки способности, а како изгледа сето тоа можете да видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑