4 јануари, 2018

Бруно Марс нè враќа во ’90 со новото видео за „Finesse“

Творештвото на Бруно Марс честопати е под влијание на стиловите од различни музички децении, кои одлично ги комбинира со современите звуци на денешницата, а сето тоа го одразува и во видеата за своите хитови. Токму таков е примерот и со штотуку објавената екранизација за петтиот сингл од албумот „24К Magic“, темата „Finesse“, каде што музичарот прави своевидна ретроспектива и на музиката, но и на стилот на облекување и на танцување од деведесеттите.

За да биде што поверодостојно, во видеото, а воедно и во ремиксот за „Finesse“, гостува младата хип-хоп ѕвезда во подем, Карди Би, која буквално ја освои музичката сцена минатата 2017 година, полека преземајќи го тронот од својата сограѓанка од Тринидад и Тобаго, хип-хоп кралицата Ники Минаж. Како изгледа и звучи оваа интересна ретри-соработка на Бруно Марс и Карди Би можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑