Свет Bruno-Mars-Super-Bowl-620x350

9 септември, 2013

Бруно Марс ќе настапи на полувремето на Супер Боул 2014

Како што е познато, најгледаниот настан во САД е финалето на Супер Боул, а годинава на полувремето спектакуларен настап имаше познатата дива Бијонсе, чија изведба беше збогатена и со присуството на преостанатите две членки од поранешното трио Дестинис Чајлд, Кели Роланд и Мишел Вилијамс. Следната година овој настан ќе се случи на 2-ри февруари, а музичката ѕвезда која ќе ја забавува многубројната публика на полувремето ќе биде Бруно Марс.

Харизматичниот пејач го претстави својот нов албум „Unorthodox Jukebox“ во декември минатата година, а на неодамнешните MTV VMA награди настапи со неговиот четврт сингл од ова издание, песната „Gorilla“. Симпатичната видео најава за неговиот настап на Супер Боул следната година започнува со снимка од 1990 година во која малиот Бруно пее на сцена облечен како Елвис Пресли, а како изгледа сето тоа можете да видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑