Свет

11 октомври, 2016

Бруно Марс ќе настапи на европските музички награди на Ем-ти-ви

Бруно Марс е првиот потврден изведувач што ќе настапи на претстојното доделување на европските музички награди на Ем-ти-ви, кое ќе се одржи на 6 ноември во Ротердам, Холандија.

Трикратниот добитник на европските музички награди, во оваа пригода за првпат ќе го изведе во живо својот нов сингл „24К Magic“, со кој го најавува истоимениот, трет по ред студиски албум закажан за 18 ноември. Популарниот пејач и автор може да се пофали со дури 11 номинации, а во 2011 година ја освои и главната награда за најдобра песна. После доделувањата во Белфаст во 2011 (Marry You) и во Амстердам во 2013 (Gorilla), ова ќе биде негов трет настап на оваа манифестација.

1476098069ema_2016_sm_performers_post_bruno-mars_facebook                                                                       Фотографија: Ем-ти-ви промо

„Воодушевени сме што Бруно Марс се враќа на сцената на европските музички награди и не можеме да замислиме подобар начин да ја започнеме најголемата вечер во музиката“, изјавил Брус Гилмер, извршен продуцент на манифестацијата. „Очекувајте уште возбудливи вести наскоро!“

Доделувањето на европските музички награди за 2016 година ќе биде пренесувано во живо на регионалниот канал на Ем-ти-ви од салата „Ахој Ротердам“ во Ротердам на 6 ноември (недела), со почеток од 20.00 часот. Гласањето во сите категории, вклучувајќи ја и Најдобар изведувач од Балканот, се одвива на mtvema.com и ќе трае до сабота, 5 ноември на полноќ. Во трка за оваа награда годинава е и нашиот познат хип-хоп артист Тони Зен, кој се натпреварува со „С.А.Р.С.“, „Елементал“, „Сидарта“ и Лус.

За Тони можете да гласате на ОВОЈ ЛИНК!



Врати се горе ↑