Свет bruno-mars

27 февруари, 2013

Бруно Марс ќе го позајми гласот во „Рио 2“

Одлична вест за сите кои уживаа во анимираниот филм „Рио“! Птиците се враќаат со продолжение закажано за април 2014 година. Во првиот дел можевме да ги слушнеме гласовите на Вил Ај Ем, Таио Круз, Џејми Фокс, како и на актерите Ен Хетавеј, Џорџ Лопез и Џеси Ајзенберг, а во продолжението на екипата ќе им се придружат и Бруно Марс, Енди Гарсија, Кристин Ченовет и Рејчел Кроу, а за еден карактер гласот ќе го позајми и пејачката Џанел Моне, која планира да направи песна за саундтракот на филмот.

„Рио“ ја доживеа својата премиера во април 2011 година, а во продолжение уживајте со „Drop It Low“ од Вил Ај Ем.

Извор: PopCrush



Врати се горе ↑