Свет bruno-tour

13 февруари, 2013

Бруно Марс ја најави светската турнеја „The Moonshine Jungle World Tour“

Како што пренесува магазинот Idolator, американскиот пејач Бруно Марс ја најави претстојната светска турнеја на која ќе го промовира неговиот нов албум „Unorthodox Jukebox“. На турнејата насловена „The Moonshine Jungle World Tour“ на одредени дати ќе му се придружат и колешката Ели Гоулдинг како и бендот Фиц & Д Тентрумс. Точните дати сè уште не се познати, но се знае дека концертите во Северна Америка ќе започнат летово и ќе бидат опфатени сите поголеми градови во САД и Канада, а на есен шоуто ќе продолжи во Европа.

Марс деновиве го промовираше видео записот за нумерата „When I Was Your Man“, а сè уште е доста актуелен и неговиот сингл „Locked Out Of Heaven“.

 

 



Врати се горе ↑