17 ноември, 2014

Бруно Марс и Марк Ронсон ги здружија силите за „Uptown Funk“

Британскиот продуцент, диџеј и гитарист Марк Ронсон, кој имаше голем придонес во лансирањето на кариерите на музичари како што се Ејми Вајнхаус („Valerie“) и Лили Ален, во јануари следната година ќе го објави своето четврто студиско издание „Uptown Special“, на кое ќе гостуваат бројни познати имиња од музичкиот свет. Како воведен сингл на 10 ноември беше објавена темата „Uptown Funk“, во која гостува познатиот американски музичар Бруно Марс и која денеска го доби своето видео издание. Заразниот ритам и ретро звуците на фанкот сигурно ќе ве натераат да танцувате, па сè што треба да направите е да стиснете плеј (горе)! Уживајте!



Врати се горе ↑