Аудио Bruno-Mars-Esperanza-Spalding

14 декември, 2012

Бруно Марс и Есперанца Сполдинг со заедничка песна

Деновиве, поточно на 11-ти декември беше издаден новиот албум на американскиот музичар Бруно Марс, со налсов „Unorthodox Jukebox“, кој беше најавен со успешниот сингл „Locked Out of Heaven“, а продукцијата на албумот ја потпишува екипата составена од Д Смизингтонс, Марк Ронсон, Џег Баскер, Емил Хејни, Дипло и Супа Дупс. По претставувањето на неколку синглови и настапите во живо на двете страни од Атлантикот, пејачот сега ја претставува и соработката со џез музичарката Есперанца Сполдинг (Esperanza Spalding), добитничка на Греми награда во категоријата Најдобар нов артист за 2011 година, а песната ќе биде достапна само на луксузното издание на новиот албум. Веселата и ретро „Old & Crazy“ можете да ја слушнете во продолжение.

Извор: Idolator

 



Врати се горе ↑