27 август, 2013

Бруно Марс го претстави новиот сингл на MTV VMA 2013

27-годишниот Питер Џин Ернандез, познат под името Бруно Марс беше дел од изведувачите на јубилејното 30-то доделување на музичките видео награди на MTV, кое се одржа во неделата вечерта. Пејачот и текстописец со потекло од Хонолулу имаше два видео записа номинирани во четири категории, а освои две статуетки за „Locked Out Of Heaven“ во категоријата „Најдобар видео запис од машки изведувач“ и за „Treasure“ во категоријата „Најдобра кореографија“.

Двете теми се дел од неговиот актуелен албум „Unorthodox Jukebox“ објавен во декември минатата година, а четвртиот сингл од ова издание беше претставен токму на оваа манифестација. Марс ја воодушеви публиката со моќната изведба на „Gorilla“, а на сцената го придружуваше неговиот бенд и секако една горила, која се појавуваше на екранот позади него. За време на целиот настап сцената беше осветлена од зелени ласерски светла кои се движеа во ритамот на музиката на оваа секси и доста интимна песна со „експлозивен“ крај. Како изгледаше сето тоа можете да видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑