Свет Bruno+Mars

11 април, 2013

Бруно Марс го престигна Елвис Пресли на Billboard Hot 100 листата

Бруно Марс достигна пет број 1 синглови побрзо од кој било машки артист после Елвис Пресли, а неговата одлична балада „When I Was Your Man“ е и втор број 1 хит сингл кој вклучува само пијано и вокал. Песната е петти број 1 сингл за Марс, со што се рангира позади Мајкл Џексон (13), Стиви Вондер (10), Елтон Џон, Пол Макартни, Ашер (секој по 9), Џорџ Мајкл (8), Фил Колинс и Елвис Пресли (секој по седум), кои се машки соло артисти со најголем број „број 1“ синглови. Диди, Лудакрис, Принс и Лајонел Ричи исто така имаат по пет број 1 синглови.

Неверојатно е тоа што Марс ги рангира неговите пет број 1 синглови побрзо од кој било машки соло артист после Елвис; за прв пат Марс се најде на оваа листа на 13-ти февруари 2010 година, што значи дека петте синглови ги имаше во период од три години, два месеца и една недела. Само легендарниот Пресли достигна пет лидерски позиции побрзо, во период од само две години, седум месеци и три недели, од самиот почеток на листата сè до 25-ти март, 1961 година.

Како друштвото со Кралот да не е доволно, Марс исто така го има вториот број 1 сингл во архивата на оваа листа, како композиција која содржи само пијано и вокал. Адел се најде првата позиција во оваа категорија со добро познатиот хит „Someone Like You“, кој царуваше на врвот пет недели со ред во 2011 година. Таа балада ги вклучува вокалот на Адел и Ден Вилсон на пијано. Марс пее и свири на пијано во „When I Was Your Man“, што е првата балада која го освои врвот на Билбордовата Хот 100 листа после Адел.

Извор: Billboard

 



Врати се горе ↑