Македонија bruka-bend

19 јуни, 2015

„Брука бенд“ на „Јелен демофест“ во Бања Лука!

Стручното жири на бањалучкиот музички фестивал „Јелен демофест“ избра 34 демо бендови кои ќе се натпреваруваат за престижната награда и признание за најдобар бенд, од 16 до 18 јули на тврдината Кастел. Изведувачите се одбрани со посебни критериуми на петчленото жири. Шанса за да се покажат во најдобро светло на бината на „Јелен демофест“ добија и членовите на „Брука бенд“ од Македонија.

Оваа година повторно пристигнаа огромен број на пријавени  и оваа година е постигнат рекордот на пријавени – 461 , што е за четири повеќе од минатата година. Пријавени имаше од скоро сите земји на Балканот и многу бендови сакаа да земат учество во овој „Демофест“. Најмногу пријавени има од Србија (199) и Хрватската (125), нешто по мал број на БиХ (96) , кој кажува за музичкиот потенцијал на овие три земји . Од друга страна, најголемото изненадување е зголемениот број на желби од Словенија (20)  и  се разбира бендови од Македонија (12) и (9) од Црна Гора. На фестивалот во ревијалниот дел ќе настапат:

Реге ѕверот Џентлмен, белгискиот рок состав „Тригерфингер“ и американскиот рок бенд „Иглс оф дет метал“ ќе бидат гости на ревијалната вечер на „Јелен демофест“. Овие ѕвезди се придружуваат на „Ху си“, Ајри ФМ, „М.О.Р.Т“, „ТБФ“ како и минатогодишните победници „Хулахуп“, „Лоу пик Чарли“ и „Панкарт“.

„Брука бенд“ е скопски реге/рага/ска/рап состав, кој е создаден во април 2014 година од вокалите Жарко и Дарко Масларковски – Чико и Буциман од Пука Козметика, гитаристот Александар Савовски – Кришо, тапанарот Љупчо Симоновски -YO! и басистот Зоран Велковски-Зуро. Текстовите ги пишуваат Близнаците додека за аранжманот се грижи Зуро, потпомогнат од Валентин Видовиќ – Вали кој свири на тенор саксофон и е лидер на дувачката секција. Во неа учествуваат и Никола Ивановски- Џими на Труба, Бојан Стојчиќ – мали сакс на алт саксофон и Борис-лав на тромбон. Бендот го заокружуваат Стефан Спасовски на клавијатури и диџеј Димитри ЈЕ ЈА Митровски на грамофоните.

Тие се познати по нивниот прв сингл и голем ХИТ – „До преѓе“, а наскоро го највуваат и вториот сингл за кого ќе се снима спот. Песната се вика „Балкан ман“ и е на јенгловачки, односно „расипан англиски“. Бендот на 1 јули ќе настапи и на првото издание на „Рајз енд шајн реге фестивал“ во Штип.

Останува да им посакаме среќа и успех и се надеваме дека ќе се пласираат во финалето, а зошто да не и некоја награда да донесат во Македонија.



Врати се горе ↑