17 април, 2015

„Брука бенд“ дебитираат со „До преѓе“

„Брука бенд“ е скопски реге-рага-ска-рап состав кој е создаден на 01.04. 2014 од страна на вокалите Жарко и Дарко Масларковски – Чико и Буциман, гитаристот Александар Савовски – Кришо, тапанарот Љупчо Симоновски – „Yо!“ и басистот Зоран Велковски – Зуро, кои се и креатори на музиката.

Текстовите ги пишуваат близнаците. додека за аранжманот се грижи Зуро потпомогнат од Валентин Видовиќ – Вали, сакс-саксофон тенор, кој е и лидер на дувачката секција во која учествуваат и Никола Ивановски- Џими на труба, Бојан Стојчиќ -мали сакс на алт саксофон и гостин член на туба и тромбон е Александар Ниниќ.

Бендот го заокружуваат и Стефан Спасовски на клавијатури и диџеј Димитри „Је Ја“ Митровски на грамофоните. „До преѓе“ е првата песна на „Брука бенд“ и ја разработува тематиката на скршена љубов на еден брачен пар и еден млад љубовен пар кои завршуваат трагично и на пат кон дома (Геге) во автобус 22.

Музиката ја напишаа членовите на  „Брука бенд“, додека текстот е на Дарко и Жарко Масларковски, а аранжманот на Зоран Велковски и Валентин Видовиќ. Песната е снимана, миксана и мастерирана од Ивица Јанкуловски-Штраф.

Режисер на видео записот е Дарко Масларковски, зад камерата беше Кристијан Теодоров а монтажата и постпродукцијата на Жарко Масларковски. Улогите во видео записот ги толкуваат:  таткото – Виктор Петров-Викса, мајката – Александра Томиќ-Але, Трајче – Андреј Бојковски, вереникот –  Иван Николовски, вереничката – Мери Георгиевска, додека во улогите на баби и дедовци, гости и кафански персонал се појавуваат самите членови на „Брука бенд“.

Сега за сега ова е  првиот сингл и спот, а за понатаму луѓето од „Брука бенд“ ветуваат и втор, а некаде на есен и албум .



Врати се горе ↑