Настани 1

14 јули, 2017

Броиме ситно до фестивалот „Love & Happiness“ на Градиште!

До јубилејното 10. по ред издание на фестивалот „Love & Happiness“, закажано на 22 јули на најубавата одхридска плажа Градиште остана уште малку. Во моментов во тек се последните подготовки за маратонската журка во чии рамки може да очекувате забава на три плажи, светски и домашни диџеј имиња,пена забава, огномет… и уште неколку изненадувања! Германскиот диџеј и продуцент Том Крафт, „Електрик јуниверс“, Том Боксер и Морена, како и Бушава азбука, Бранчез, Навигатор, Дејан Доги и Сателит, кои ќе бидат домашна поддршка на настанот, е нашиот музички избор за 10. јубилејно издание на фестивалот „Love & Happiness“.

19701997_710547412464794_4521541800315156007_n

Фестивалот ќе се случува на сите три плажи, односно Градиште 1, 2 и 3, а журките на сите три плажи започнуваат во 21 часот. Она што треба да се знае е дека билетите во претпродажба чинат 400 денари, додека на врата на денот на одржување на фестивалот се речиси двојно поскапи, односно ќе чинат 600 денари. Бројот на билетите кои се пуштени во претпродажба е ограничен – затоа побрзајте!

Местата на кои можете да набавите влезници се преку мрежата на „Купи карти за сè“, станица Стража (ново место за одмор на превојот Стража, кој нуди вистинско уживање за сите кои сакаат да земат здив од патувањето од Скопје до Охрид и обратно), плажата Градиште, „Острово“ – Свети Наум и ланџ бар „Ноа“ во Охрид.



Врати се горе ↑