Свет britney-spears-2012-hd-photo-options

14 декември, 2012

Бритни Спирс започна со работа на осмиот албум

Деновиве беше потврдено дека Бритни Спирс започна да снима нови материјали за нејзиниот нов, осми по ред студиски албум кој ќе го наследи минатогодишниот „Femme Fatale“. Таа за овој албум соработува со текстописецот Илајџа Блејк, кој има пишувано песни и за Ријана и Ашер. За оваа соработка Блејк изјавил: „Мислам дека нејзините фанови ќе бидат изненадени. Би рекол дека тоа дефинитивно е ’неочекувана’ Бритни на многу начини, со тоа што таа екпериментира со различни стилови и жанрови“.

Во продолжение да се посетиме на нејзиниот најнов хит со Вил Ај Ем – „Scream & Shout“.

 

Извор: independent.ie



Врати се горе ↑