Свет sia-britney

14 јули, 2013

Бритни Спирс соработува со Сиа

Поп принцезата Бритни Спирс веќе извесен период работи на нејзиниот осми по ред студиски албум, а на листата на соработници од неодамна се најде и познатата музичарка Сиа. Таа потпиша дел од најголемите хитови во изминатиов период, како што се „Titanium“ на Дејвид Гета, „Diamonds“ на Ријана, како и темата „Rise Up“ која Бијонсе ја сними за анимираниот филм „Epic“.

Покрај Сиа, за новиот албум Спирс соработува и со Вил Ај Ем, со кој го снимија хитот „Scream & Shout“, како и Хит Бој, кој го направи ремиксот. Пејачката неодамна изјави дека новиот албум ќе биде повеќе во хип-хоп стил, а покрај хитот со Вил Ај Ем, Спирс отпеа песна за второто продолжение од анимираниот филм „Штрумфови“, а на темата „Oh La La“ можете да се потсетите во продолжение.

Извор: PopCrush

 



Врати се горе ↑