Свет Britney-Spears

31 јануари, 2013

Бритни Спирс снима песна за „нејзините момци“

Интересен „твит“ беше објавен вчера од американската пејачка Бритни Спирс која неодамна најави дека започна со работа на новиот осми по ред студиски албум. На овој сервис таа напишала дека е во студио и снима песна за нејзнините момци и дека е многу возбудена поради тоа. Но, она што не се знае е кои се нејзините „момци“? Дали станува збор за нејзините два сина Шон Престон и Џејден Џејмс, за нејзините машки фанови или воопшто за мажите останува да причекаме и да ја слушнеме песната.

Додека очекуваме повеќе детали околу новиот материјал на Спирс, да се потсетиме на нумерата „Boys“ која беше голем хит пред околу десетина години.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑