Видео

26 август, 2016

Бритни Спирс: „Сакам уште 3 деца, ама нема да се мажам“

Поп принцезата Бритни Спирс е последната во низата ѕвезди што му правеа друштво на британскиот актер и водител Џејмс Корден додека оди на работа, а во меѓувреме разговараат и ги потпевнуваат нивните најпознати хитови. Муабетејќи си со Корден, пејачката откри интересни детали од професионалниот, но и приватниот живот, како и тоа дека би сакала да има уште 3 деца, но не планира повторно да се омажи, со оглед на тоа што зад себе веќе има два пропаднати бракови.

„Hit Me Baby One More Time“, „Oops,  I Did It Again“, „Womanizer“ и „Toxic“, како и актуелниот сингл „Make Me“, се само дел од нејзините хитови што Бритни ги пее со мултиталентираниот Британец, а како изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 

Популарноста на овој интересен сегмент на Корден станува сè поголема, а доказ за тоа е и фактот што ќе се прави сосема нова, самостојна емисија врз основа на овој концепт, но британскиот актер ќе се потпише само како продуцент, а кој ќе ја добие улогата на водител ќе биде откриено наскоро.

 

 



Врати се горе ↑