Свет britney_scream_and_shout_still

13 мај, 2013

Бритни Спирс: „Новиот албум ќе биде во хип-хоп стил“

Бритни Спирс повторно се враќа во центарот на вниманието – нејзиниот заеднички хит со Вил Ај Ем „Scream & Shout“ сè уште е актуелен на светските топ листи, сними песна за второто продолжение од „Штрумфовите“, а деновиве ја потврди и веста дека во следните две години ќе има серија од шоуа во Лас Вегас.

Спирс веќе подолго време се подготвува за претстојните настапи во Вегас и интензивно се труди да биде во форма, пренесуваат американските медиуми: „Напорно вежбам за изведбите во Лас Вегас, кои ќе бидат голема забава од почеток до крај. Затоа морам да бидам во топ форма и да дадам сè од себе.“ – изјавила пејачката, додавајќи дека се согласила да претстојува таму бидејќи нема да биде многу далеку од нејзините синови: „Голем дел од одлуката беа и моите момци. Кога не се со мене во Невада, можам да скокнам во авион и да бидам со нив во Лос Анџелес за само 45 минути.“

Во врска со новиот албум кој ќе биде нејзино осмо студиско издание, таа изјавила дека „дефинитивно ќе биде повеќе хип-хоп отколку поп“. Истото го потврдил и еден од соработниците за новиот албум, продуцентот Хит Бој (кој соработува и со Бијонсе, а го направи и хитот „N***as in Paris“ од Канје Вест и Џеј Зи), кој за MTV News изјавил: „Го носам мојот свет во нејзиниот, па правам еден вид фузија на хип хоп внесувајќи поп елементи. Тоа ќе биде глобален звук.“



Врати се горе ↑