Аудио gm

18 ноември, 2014

Бритни Спирс, Кајли Миног и Сиа гости на новиот албум на Џорџо Мородер

Италијанскиот продуцент  Џорџо Мородер се враќа на музичката сцена со нов албум, а негово тринаесетто студиско издание ќе го носи насловот „74 Is The New 24“ и ќе пристигне на пролет. Најавувајќи го новиот материјал, 74-годишниот музичар изјавил дека најголема инспирација да се врати на музичката сцена била соработката со француското дуо „Дафт панк“, чиј албум „Random Access Memories“ беше најавен со огромниот хит „Get Lucky“.

Легендарниот музичар, кој е виновен за бројни хитови во изминативе четири децении, за новото издание ќе соработува со музички ѕвезди како што се Бритни Спирс, Кајли Миног, Сиа, Чарли Екс-си-екс, Мико Еко и други, а насловната тема од албумот можете да ја слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑