Свет 14439_640

13 декември, 2012

Бритни Спирс и Тејлор Свифт се најплатените дами во музиката

Американската пејачка Бритни Спирс (31) се најде на врвот на листата на најплатени женски изведувачи според магазинот Форбс. Спирс во периодот од мај 2011 година до мај 2012 заработила 58 милиони долари, пред сè благодарение на нејзниот последен албум „Femme Fatale“ и истоимената турнеја, како и улогата на судија во ТВ шоуто „The X Factor“ за која добила хонорар од 15 милиони долари.

Веднаш позади неа, на второто место се најде нејзината колешка Тејлор Свифт (22) со заработка од 57 милиони долари. Младата кантри пејачка најголемиот дел од оваа сума го заработила од турнејата на која добивала повеќе од милион долари за настап, но и од новиот албум „Red“, како и договорот со козметичката куќа CoverGirl.

Трета најплатена музичарка е Ријана (24) со заработка од 53 милиони долари, четврта е Лејди Гага (26) со 52 милиони долари, а на петтото место се најде Кејти Пери (28) со заработени 45 милиони долари. Други женски изведувачи кои се најдоа на оваа листа се и Мадона (54) со 30 милиони долари и Бијонсе (31) со 40 милиони долари.



Врати се горе ↑