Свет 3

1 јануари, 2013

Бритни Спирс фокусирана на новиот албум

Како што пишува магазинот Billboard, во размената на прашања и одговори со фановите преку сервисот Твитер на 30-ти декември, Бритни Спирсне сакала да говори за можното заминување од талент шоуто X Factor, туку порадо сакала да зборува за работата на нејзиниот осми по ред студиски албум“. Пејачката рекла дека веќе некое време вредно работи и дека во овој момент е фокусирана на својата музика, а во размената на пораки открила дека сега соработува со „инспиративни нови продуценти“. Во оваа прва полуофицијална најава на нејзиниот осми студиски албум, Спирс не можела да даде повеќе детали за соработниците, гостите како и можниот датум за издавање, а новото издание ќе го наследи „Femme Fatale“ од 2011 година, кој своевремено дебитираше на прво место на американската Билборд 200 листата на албуми, а до сега на пазарот во САД е продаден во 769 000 примероци. Еден од авторите кој соработува со Бритни за новиот албум е Илајџа Блејк.

Последниот сингл со кој е актуелна Бритни е соработката со Вил Ај Ем, а тоа е нумерата „Scream & Shout“.

 



Врати се горе ↑